На Светското првенство 2023, кое се одржува во Данска, Норвешка и Шведска, репрезентацијата на Сенегал беше на прагот до голема сензација, но одигра само реми против Хрватска, 22:22 (11:9).
Сенегел водеше во најголемиот дел од натпреварот, во вториот дел имаше и четири гола разлика, но како се доближуваше крајот, избраничките на Ивица Обрван не дозволуваа африканската репрезентација да има целосна контрола на резултатот.
Освоениот бод за Сенегал е од голема важност, бидејќи првите три репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза.
Во групата А се наоѓаат уште Шведска и Кина, па сигурно е дека Сенегал ќе влезе во трката за втората позиција на табелата.
Одлична партија во составот на Сенегал имаше Дунгу Камера со десет погодоци од 12 обиди. Кај Хрватска прво име беше Тина Баришиќ со осум погодоци, додека останатите репрезентативки не одиграа според посакуваното.
Јужна Кореја, откако во првото коло беше поразена од Австрија, во второто коло дојде до убедлива победа над Гренланд, триумфираше со 27:16 (15:6).
Азиската репрезентација во последното, 3. коло од групната фаза за ривал ја има Норвешка, која во терминот од 20:30 часот ќе игра против Австрија.
Бразил со победата над Казахстан од 46:15 (25:5) се израдува на втор триумф на Мундијалот и веќе си го обезбеди пласманот во главната фаза.
Убедлива победа оствари и репрезентацијата на Романија, која дуелот со Чиле го доби со 25 гола разлика, 44:19 (25:6).
Романија во второто коло за ривал ја има Србија, додека во последното коло од групната фаза ќе се соочи со Данска.