Репрезентацијата на Хрватска со победата над Камерун од 24:15 (18:6) остана во игра за пласман во четвртфиналето на Светското првенство.
Хрватска во последното коло од групната фаза за ривал ја има Унгарија, која денес игра со Шведска.
Србија го доживеа вториот пораз во главната фаза, откако во дуелот со Германија загуби со десет гола разлика, 31:21.
Германија победата ја обезбеди со фуриозна игра во вториот дел, во кој постигна дури 17 погодоци, а прими само седум.
Ракометарките на Германија веќе обезбедија четвртфиле на Мундијалот и во последното коло против Данска ќе се обиде да ја продолжи победничката серија.