Иако се очекуваше многу повеќе од дуелот за прво место во групата меѓу Данска и Романија, немаше ниту Д од дерби.
Еден од домаќините на Мундијалот, Данска го наполни голот на Романија и славеше со 39-23. Избраничките на Флорентин Пера парира во првите петнаесетина минути до 9-8, а потоа до крајот на полувремето не можеа да го видат данскиот гол.
Затоа домаќинките ја казнуваа секоја грешка и постигна дури 12 погодоци за 21-10 на паузата и победникот веќе беше познат. Вториот дел беше само формалност, па Данска во главна рунда ќе пренесе четири бода по победите над Србија и Романија.
Во составот на Данска блескаа Кристине Јоргенсен со десет и Трине Остергард со пет гола, а кај Романија, која и на овој натпревар беше без Кристина Неагу, се истакна Ликсандриу.
Вториот домаќин на СП, Шведска, не дозволи изненадување против Хрватска и победи со 22-17, иако во првото полувреме избраничките на Ивица Обрван не беа во подредена улога.
Во вториот дел комплетно беше скршен нивниот отпор, Шведска се одлепи на плус седум, 19-12, „кралиците на шокот“ за момент се вратија во игра и намалија на 19-16, но немаа сили за комплетен камбек и победата остана за домаќинките.
Најдобри во победничката репрезентација беа Карлсон со шест и Хагман со пет погодоци, додека кај Хрватска се истакнаа Шимара со пет и Блажевиќ со три гола. Швеѓанките пренесуваат четири бода во главната рунда, додека Хрватките само два.
СП 2023, резултати:
Данска – Романија 39-23
Шведска – Хрватска 22-17