СП 2023: Данска и Шведска се „чекираа“ во мундијалско четвртфинале

Еден од домаќините на Мундијалот, Шведска, славеше против Унгарија со пресврт во второто полувреме со Унгарија со 26-22 и обезбеди место во четвртфиналето.

Швеѓанките имаа негатива од еден гол на паузата, 11-10, но набрзина на стартот на вториот дел стигнаа до предност и до крајот не дозволија Унгарките да се понадеваат на камбек.

Шведска е сигурна во четвртфиналето, а по последниот дуел со Црна Гора ќе биде познато на која позиција ќе заврши скандинавската селекција.

Линквист и Робертс беа најдобри кај Шведска со по седум гола, додека кај Унгарија се истакнаа Вамос со шест и Албек со пет погодоци.

Данска се рехабилитираше за поразот од Јапонија и ја совлада Полска со 32-22. Најдобри кај Данска беа Остергард и Јоргенсен со по пет гола, а кај Полска прво име беше Росијак со шест гола.

Домаќинките на СП сега имаат 6 бода на второто место, зад Германија со 8 која е прв, но имаат и подобар меѓусебен дуел од Романија и Полска кои имаат по 6 бода и во никој случај не можат да ја престигна Данска без разлика на резултатите од последното коло.

Данска и Шведска во последниот двобој ќе решат од која позиција ќе стартуваат во четвртфиналето и кој ривал ќе го „одберат“.