СОСЕМА ЗАСЛУЖЕНО: Јака Малус е во идеалниот тим на главната рунда на ЛЕ!

Европската ракометна федерација го смести средниот бек на Вардар, Јака Малус, во идеалниот тим на главната рунда од Лигата на Европа.

Словенечкиот репрезентативец имаше одлични партии на четирите натпревари против Бенфика и Мелсунген, па заслужено се најде меѓу најдобрите.

Малус е во друштво на голманот на Кил, Андреас Волф, пивотот на Фленсбург, Јоханес Гола, потоа крилата на Хановер и Архус, Аугуст Педерсен и Јохан Хансен…

Вардар го освои првото место во групата од главната рунда и се пласираше директно во четвртфиналето каде ќе се соочи со победникот од двомечот меѓу Монпелје и Елверум.