Солзи и емоции – Барса се прости од своите „деца“

Натпреварот против Виља де Аранда беше последниот на домашен терен за Барселона и шампионот на Асобал беше крунисан.

Покрај доделувањето на титулата, уште еден момент го одбележа последниот натпревар дома на каталонскиот гигант.

Двете „деца“ на Барса – голманот Гонзало Перез Де Варгас и левото крило Аитор Арињо заминуваат на лето од својот матичен клуб.

Де Варгас оди во германскиот Кил, по 16 сезони во Каталонија, со исклучок на три кога беше на позајмици во Гранољерс и Тулуз.

Арињо исто така ќе се пресели во Германија, но во Фуксе Берлин, а тој комплетираше 15 сезони во големата Барса.