Софи Гошевска пак е „лавица“

Македонската репрезентативка Софи Гошевска во продолжение од сезоната ќе го брани голот на Ѓорче Петров 2.

Таа по настапите за Металург Автокоманда, клуб кој има големи финансиски проблеми, се врати каде што настапуваше претходно и одново ќе биде „лавица“.

Репрезентативката што настапи на младинското ЕП, а беше дел и од сениорската репрезентација, сега ќе брани во прволигашот, кој се бори за бараж за елитната конкуренција.

Ѓорче Петров 2 има 16 бодови на второто место на табелата во Првата лига, а лидер е Атлетик со 22 бода.