Спортскиот директор на полскиот гигант Келце, Михал Јурецки, ги демантираше сите шпекулации поврзани со иднината на главниот тренер Талант Душебаев, како и гласините дека негов наследник би можел да биде Урош Зорман.
Во изјава за „ТВП Спорт“, Јурецки потенцираше дека договорот на Душебаев важи до крајот на сезоната 2026/27, но нагласи дека ниту постои одлука за негово заминување, ниту, пак, постоел каков било договор или контакт со Словенецот.
„Ништо од тоа не е вистина“, кратко изјави Јурецки.
На прашањето дали клубот ќе му понуди нов договор со Душебаев, Јурецки одговори дека наскоро ќе почнат преговорите.
„Не велам дека како клуб никогаш во иднина нема да бидеме заинтересирани за ангажман на Зорман, но во моментов такво нешто не постои. Наш тренер е Талант Душебаев. Ние сакаме тој да ја води оваа екипа, а и тој сака да работи во Келце. Заедно го градиме овој проект и заедно ја реконструираме екипата. Играчите доаѓаат во Келце затоа што сакаат да работат со Талант Душебаев. Што се однесува до неговиот договор, се договоривме за тоа да разговараме во блиска иднина. Постои желба и од клубот и од тренерот да продолжи соработката. Така е сега, така беше пред шест месеци и пред една година, и ништо не се променило. И, според сè, нема ни да се промени“, изјави Јурецки.
Синовите на Талант, Алекс и Даниел, на крајот на оваа сезона ќе си заминат од Келце.

























