Македонскиот првак Еурофарм Пелистер сезонава го гледавме во групната фаза од Лигата на шампионите, каде настапот во групата А го заврши со 14 порази во исто толку натпревари.
Бранко Ангеловски го предводеше тимот на шест натпревари и за него тие значат големо искуство.
„Огромно искуство за сите нас – за клубот, за градот, за навивачите. Лигата на шампионите е како да сте во циркус на Формула 1 – таму имате многу добри тимови, многу добри возачи, но на крајот болидот е тој, кој на крајот треба да донесе победа. Ние како да имавме стар болид. Добри гуми, но стар мотор. За во Лигата на шампионите да постигнете резултат треба да бидете постојано таму и морам да потенцирам дека со длабок поклон гледам кон успесите и на Пелистер, во подалечно време, и на Металург, и на Вардар, кој освои и две шампионски титули. Но и Вардар за да стигне до нив мина тежок пат, неколку години се градеше таа екипа. Ќе потенцирам – огромно искуство за некои понатамошни резултати.“
Целосното интервју со Бранко Ангеловски може да го прочитате во продолжение…
ИНТЕРВЈУ БРАНКО АНГЕЛОВСКИ: Името Пелистер те тера на резултат, на освојување трофеи