Почнувајќи од викендов стартува новата идеја на Ракометната федерација на Македонија со организирање на „ракометен караван“ кој во текот на сезоната треба да мине низ повеќе градови на државата.
Охрид е првата дестинација, а потоа во октомври е договорено караванот да „мине“ и низ Битола.
„Целта е караванот да минеме низ сите поголеми градови во Македонија, да видиме какви се условите таму, да видиме дали има таму работници и сулови кои сакаат да работет. Поентата е да ги запознаеме сите, и наш таргет се децата од 8 до 12 години, сакаме нив да ги донесеме во сала, потоа да почне да се отворат повеќе школи, и во наредните години да имаме дупло повеќе играчи во нашиот систем, вели Влатко Тасевски, генералниот секретар на РФМ
Тој најави дека покрај сегашните селекции до 15 години, во план е наскоро да се формираат преку караванот и селекција до 13 години.
„Од генерација во генерација се намалува интересот за спортот, генерално. Сакаме со караванот дека има нешто повеќе од тоа да се седи дома и пред теелфон, она што е поважно е тимскиот дух и вежбањето. Најголемата иднина ни се дечињата. Со ова се обидуваме да направиме репрезентативците да ја кажат својата животна приказна, и да го испромовираме караванот, смета Тасевски.