📷 Пелистерци со негатива на полувреме од Фуксе Берлин

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во рамки од 2. коло од Лигата на шампионите за ривал го има германскиот вицепрвак Фуксе Берлин, а по 30 минути игра резултатот е за 15:9 за бундеслигашот. Избраниците на Бранислав Ангеловски во последните 13 минути од првото полувреме постигнаа само еден гол, а примија шест.

Натпреварот во спортската сала „Боро Чурлевски“ го отвори искусниот член на Фуксе Берлин, Тобијас Рајхман. Пелистерци добро се држеа првиот дел, беше 3:3 во 5 минута, а бундеслигашот со серија од 2:0 успеа да се одлепи на 5:3. Од тој момент, па до 17 минута гостите водеа со еден до два гола разлика.

На периоди, ракометарите на Фуксе Берлин имаа и плус три, но домаќините до 17 минута не дозволуваа гостите да имаат поголема предност и секогаш доаѓаа до пристојни минус два.

Фуксе Берлин заигра поангажирано во последните десет минути и во периодот од 17 до 30 минути прими само еден гол во својата мрежа.

Ерурофарм Пелистер – Берлин

Пелистерци во желбата да дојдат до помала негатива, се повеќе правеа гршки, додека гостите лесно казнуваа и за десетина минути стекнаа солидна залиха. Во 25 минута од натпреварот во игра влезе еден од најголемите таленти на ракометната сцена во Македонија, кружниот напаѓач Самоил Ристевски, кој ги одигра првите минути во елитното натпреварување. Фуксе Берлин рутински го одигра завршниот дел од првото полувреме и на пауза замина со плус шест 15:9.