По завршувањето на финалниот натпревар од пионерскиот Ф4 во женска конкуренција, беа избрани и најдобрите ракометарки.
За МВП, односно најдобра на Ф4 е прогласена ракометарката на Металург, Евгенија Смиљковска, која имаше одлични партии против Астибо и Ѓорче Петров.
Најдобар стрелец на завршниот турнир е прогласена членката на Астибо, Ана Марија Накова, која постигна 26 погодоци на две средби.
За најдобар чувар на мрежата е избрана талентирана Есра Гузи, која го брани голот на екипата на Струга.