Сметката од Битола ја плати европскиот првак во Париз

Францускиот првак ПСЖ по киксот во Битола, успеа да слави на домашен терен против европскиот шампион Магдебург со 34-26.

Со овие бодови, тимот на Стефан Мадсен се искачи на четвртото место на табелата со 13 бодови, а ги остави зад себе ГОГ Гудме и ПИК Сегед со 13, односно 11 бодови.

Во групата Б, Барса и Магдебург се пласираа директно во четвртфиналето, додека Висла Плоцк го освои третото место и ќе мора заедно со другите три тима да играат осминафинале.

Во Париз, домашните по петнаесетина минути поведоа со 11-4 и веќе беше јасно дека бодовите остануваат дома, а бундеслигашот немаше никакви шанси за камбек во мечот.

Пранди со 11 и Шипжак со девет гола, беа клучните фигури во ПСЖ, додека кај Магдебург, шест погодоци даде Зендер.