Познатиот стручњак и поранешен селектор на БиХ, Ирфан Смајлагиќ, го тужеше некогашниот европски првак Борац од Бања Лука.
Според информациите од босанските медиуми, станува збор за сума од 48.000 евра кои клубот му ги должи според договорот.
Како што е познато, искусниот Смајлагиќ кон средината на месец ноември оваа година го напушти клубот од Бања Лука.
Тогаш тој изјави дека си заминува од тимот поради големиот притисок за подобри резултати на домашна сцена.
Смајлагиќ потекнува од Борац Бања Лука, таму ја започна својата кариера, а откако замина од својот град ги постигна најголемите успеси.
Во својата играчка кариера освои медали на ОИ 1996, бронза на ОИ 1988, сребро на СП 1995 и бронза на ЕП 1994 година.