Следен противник на Македонија во квалификациите за ЕП 2026 ќе биде селекцијата на Словенија, која вечерва ќе гостува во Битола. Избраничките на селекторот Драган Аџиќ ќе се обидат да освојат нови два бода на патот кон пласман на континенталниот собир.
Словенките ги започнаа квалификациите сигурно – во средата во „Бонифика“ во Копер ја совладаа Белгија со 29-22.
Селекторот Аџиќ и овојпат ќе има скратен состав, поради повреди и отсуства. Нема да игра капитенот Тјаша Станко (се рехабилитира по скршеница на дланката) и Манца Јуриќ (по операција на колено) ќе отсуствуваат, Лана Пунцер е болна, а Нина Жулиќ има мајчински обврски.
„Во исчекување сме на натпреварот во Битола. Атмосферата во салата сигурно ќе биде извонредна, со полни трибини. За разлика од дуелот со Белгија, овојпат навивачите ќе бидат на страната на противникот, но верувам дека сме доволно квалитетен тим, способен за спроведување на тоа што го вежбавме на тренинг. Тоа може да нè одведе до победа,“ изјави Ема Хрватин.
Селекторот Аџиќ исто така ги сподели очекувањата.
„Не очекува поквалитетен противник отколку во првото коло. Во последните квалификации, Македонките одиграа одлично против полските репрезентативки. Не очекувам ништо поразлично и на неделниот натпревар во нивниот домашен амбиент. Би било феноменално ако со составот што го имаме успееме да одговориме на вистински начин. Знаеме и можеме. Се подготвувавме сериозно и на последните подготовки и оваа недела. Посветивме внимание на сите детали во играта. Верувам дека сме способни да победиме и да ги освоиме големите два бода на патот кон ЕП“, вели Аџиќ.
Натпреварот меѓу Македонија и Словенија се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот.