Селекторот на машката сениорска репрезентација на Словенија, Урош Зорман, го објави поширокиот список пред настапот во квалификациите за пласман на Олимписките игри во Париз.
На поширокиот список конкурираат 32 ракометари, меѓу нив сѐ и двајцата членови на Еурофарм Пелистер, голманот Урбан Лесјак и десниот бек Нејц Цехте, кои беа дел и од составот на Европското првенство во Германија.
Двајцата ракометари имаа одлична минутажа на континенталниот собир и беа меѓу најзаслужните за освоеното шесто место на словенечката репрезентација.
Членот на Барселона, Блаж Јанц, како и кружниот напаѓач на ПИК Сегед, Матеј Габер, кои го пропуштија Европското првенство поради повреда, се наоѓаат на списокот и најверојатно Зорман ќе може да смета на двајцата за квалификациските натпревари.
Словенија на почетокот на март во Граљолерс ќе брка олимписка виза и за остварување на зацртаната цел ќе мора да се пласира на првото или второто место во својата група.
Ривали на Словенија во квалификациската група се репрезентациите на Шпанија, Бахреин и Бразил.