Словенија без најдобрата ракометарка ќе се подготвува за Македонија

Селекторот на женската репрезентација на Словенија, Драган Аџиќ, објави список од 20 ракометарки на кои ќе смета за септемвриската ЕХФ недела.

Словенките во оваа ЕХФ недела нема да играат пријателски натпревари и ќе се подготвуваат само за квалификациските дуели за ЕП 2026 против Белгија и Македонија.

На располагање на Аџиќ нема да му биде најдобрата словенечка ракометарка Тјаша Станко, која игра за Ѓер, но заработи повреда.

Станко има повреда на раката, но Аџиќ се надева дека таа би можела да биде подготвена за дуелите со Белгија на 16 октомври и Македонија на 19 октомври во Битола.

На неговиот список има и четири ракометарки што играа за кадетската и младинската селекција на Словенија, а од поискусните тука се Нина Жулиќ, голманката Маја Војновиќ, пивотот Наташа Љепоја…