Еден од најголемите таленти на словенечкиот ракомет, Аљуш Анжиќ, е нов член на сениорскиот тим на Целје Пивоварна Лашко.
Клубот објави дека младиот лев бек потпишал долгорочен договор до крајот на сезоната 2027/28, со што уште еднаш ја потврди довербата во домашниот играчки потенцијал.
Анжиќ потекнува од „Златорог“, каде што и ги направи своите први ракометни чекори. Иако има само 17 години, веќе се наметнува како технички совршен и бескомпромисен стрелец, кој без респект игра против поискусни противници.
Во младинската лига оваа сезона блескаше со над 240 постигнати голови, а блескаше и на Светското првенство за младинци, каде што се истакна како трет најдобар стрелец на целиот турнир.
Целје, како еден од најреномираните клубови во Европа кога станува збор за развој на млади играчи, продолжува да инвестира во домашен кадар, а Анжиќ е новиот бисер кој се очекува да блесне и на сениорската сцена.
Тој имаше понуда од Барселона уште минатата година, но таа беше одбиена.