Словенечки арбитри за важниот меч на Еурофарм Пелистер со Фредериција

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од осмото коло во Лигата на шампионите.

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер игра важен натпревар со данската Фредериција во борбата за осминафиналето, а судии доаѓаат од Словенија.

Станува збор за Бојан Лах и Давид Сок, додека делегат на натпреварот во Битола ќе биде Марко Треспиди од Италија.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Фредериција ќе се игра во среда, на 20 ноември со почеток во 20:45 часот.

Со победа македонскиот првак ќе направи чекор напред кон осминафиналето, иако ќе останат уште многу натпревари за играње до крајот на групната фаза.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ14120224
2ФУКСЕ БЕРЛИН1490518
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1490518
4СПОРТИНГ1482418
5ДИНАМО БУКУРЕШТ1460812
6ВИСЛА ПЛОЦК1451811
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР143298
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА1411123