Полскиот првак Висла Плоцк договори уште две засилувања за наредната сезона во која ќе има големи амбиции.
Станува збор за средниот бек Митја Јанц, кој доаѓа од Целје и ќе го има првото интернационално искуство и Тим Цокан, кој исто така беше дел од некогашниот европски првак.
21-годишниот Јанц, кој имаше одлични партии во словенечкиот тим во домашното првенство и во ЛШ, потпиша договор на четири сезони.
Цокан има 23 години, исто така го привлече вниманието на повеќе европски клубови, но се реши да потпише за Висла Плоцк до 2027 година.
Во полскиот тим веќе играат средниот бек Миха Зарабец, ова лето доаѓа и левиот бек Петар Шишко од Горење, па ќе има мала словенечка колонија во Плоцк.