Словенците тврдат – поранешен селектор кандидат за клупата на Еурофарм Пелистер!

Некогашниот селектор на машката селекција на Словенија, Борис Дениќ, би можел да го преземе македонскиот првак Еурофарм Пелистер.

Според „Handballia“, 58-годишниот Дениќ е сериозен кандидат за наследник на жешкото тренерско столче во Битола.

Битолчани се разделија со досегашниот предводник Рубен Гарабаја, а во преостанатите три кола од Супер лигата, екипата ќе ја води Звонко Шундовски.

Дениќ е тренер со богато резиме, беше селектор на Словенија и Саудиска Арабија, а тренер на најдобрите словенечки клубови, катарскиот Ал Кијада…