Словенците го „селат“ Бомбач во Еурофарм Пелистер!

Словенечкиот организатор на играта, Дејан Бомбач, би можел да се пресели во македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

Според пишувањата на „Handballia“, Бомбач, кој беше суспендиран од страна на Ѓер и му беше раскинат договорот, е на чекор до трансфер во Македонија.

Битолчани во своите редови ги имаат Домен Тајник, Алем Хаџиќ и Мирче Калајџиески на средната бековска позиција, но сигурно дека играч како Бомбач добро би дошол во ротацијата.

Бомбач е поранешен словенечки репрезентативец, врвот на формата го имаше во унгарскиот ПИК Сегед и полскиот Келце.

Минатата сезона по десет години настапи за овие два клуба, се пресели во амбициозниот проект Ѓер, но љубовта траеше кратко.