Словенечката ракометна федерација денеска објави дека има останато уште 100 билети во продажба за вториот меч против Македонија од квалификациите за ЕП 2026.
Салата „Бонифика“, која има капацитет од околу 3.000 седишта, ќе биде обоена и во црвено-жолта боја, бидејќи се најавени и многу македонски навивачи.
Словенците иако губеа со шест гола во првиот дел, на крајот славеа со 32-26 во СЦ „Борис Трајковски“ и на домашен терен ќе бидат големи фаворити против нашата селекција.
Натпреварот меѓу Словенија и Македонија е на програмата на 16 март во салата „Бонифика“ со почеток во 18:30 часот.