Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за 10 коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го очекува гостување кај Загреб, а ЕХФ за овој меч делегираше судии од Словенија.
Станува збор за Давид Лах и Бојан Сок, кои ќе го судат можеби најважниот меч за двете екипи – Еурофарм Пелистер да се вклучи рамноправно со ГОГ Гудме и ПСЖ во трка за осминафинале, а Загреб да ја запише првата победа и да остане со какви такви надежи за прогрес.
Натпреварот меѓу Загреб и Еурофарм Пелистер е закажан за 3 декември од 18:45 часот во „Арена Загреб“.
























