Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натреварите од 13 рунда во Лигата на шампионите.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер игра на домашен терен против составот на Алборг, а судиите доаѓаат од Словачка.
Станува збор за Андреј Буџак и Михал Захрадник, додека делегат на средбата во Битола ќе биде Дилмен од Турција.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Алборг ќе се игра в среда во „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.