Иако се очекуваше да избере друга опција, словачката федерација го потврди градот-домаќин за првата бараж пресметка со Македонија.
„Татран Арена“ и градот Прешов ќе бидат домаќини на првиот дуел од третиот бараж за СП 2027 меѓу Словачка и Македонија.
Оваа сала, која е домаќин на најтрофејниот словачки клуб Татран Прешов, има капацитет од 3.800 гледачи.
Дополнително ќе биде потврдена саатницата за овој натпревар што е закажан за 14 мај, a веројатно ќе биде 18:00 или 19:00 часот.
Реваншот по кој ќе биде познат патникот на Мундијалот е закажан во СЦ „Борис Трајковски“ на 17 мај со почеток од 19:00 часот.

























