Словачка е нов предизвик за Македонија на ЕП

Женската кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра вториот натпревар на Европското првенство во Црна Гора.

Противник на избраничките на Даниела Новеска е селекцијата на Словачка, која во првото коло славеше против Португалија со 31-26.

Натпреварот меѓу Македонија и Словачка се игра денеска во „Бемакс Арена“ во Подгорица со почеток во 14:30 часот.

Судии на овој натпревар ќе бидат Симон и Линус Хардегер, додека делегат е Црногорецот Емил Бешлија.