Следни предизвици за Македонија се Португалија и Црна Гора – еве кога се играат натпреварите

Женската младинска репрезентација на Македонија се пласираше во главната рунда на Светското првенство во Скопје.

Следни предизвици за избраниците на Дарко Јанев се селекциите на Португалија и Црна Гора, кои ги освоија првите две места во групата Г.

Португалките и Исланд во групата 4 ќе стартуваат со по два бода, додека Црна Гора и Македонија се без бодови.

Македонија денеска ќе има ден за одмор, а утре младинките од 16:15 часот ќе се сретнат со Португалија, додека на 25 јуни ќе играат со Црна Гора од 20:15 часот.

Ако сакаат да ги задржат шансите за четвртфинале, нашите младинки мора да ја победата Португалија.