Хрватскиот репрезентативен чувар на мрежата, Дино Славиќ, во наредните две сезони ќе го брани голот на амбициозниот македонски проект Охрид.
Славиќ денеска беше промовиран на охриѓани, а во својата прва изјава го истакна задоволството од новиот предизвик.
„Сметам дека Охрид е еден добар проект, разговарав многу со играчите и управата. Имав неколку понуди, но се одлучив за Охрид, резултатите се се подобри од година во година, клубот напредува. Слушнав се најдобро за Охрид како клуб и место за живот. Среќен сум што доаѓам тука и се надевам дека ќе му помогнам на клубот да ги исполни сите амбиции кои ги има“, изјави Славиќ.
Тој ќе биде замената за Кристијан Пилиповиќ, кој на лето заминува од Охрид и се враќа во Швајцарија.

























