Скопје сигурен на гостувањето во Штип

Екипата на Скопје дојде до 7-ми триумф во Првата лига, откако на гостувањето во Штип кај Текстилец славеше со 31:25.

Сега Скопје со новите два бода го презеде лидерското место во групата А, на свое конто има 14 бода, додека Македонија ЃП и Младост Богданци, екипи кои засега се на 2 и 3 место, имаат по 13, односно 12 бода.

Избраниците на Оливер Димитироски во текот на целиот натпревар беа во предност и во ниту еден момент не дозволија домашниот тим да го израмни резултатот, или пак да поведе.

Скопје на полувреме замина со предност од 17:12, на моменти во вториот дел водеше со десет гола разлика, но Текстилец во последниот период ја преполови негативата.

Прво име во таборот на гостинскиот тим беше Бојан Чакалиќ, кој запиша девет погодоци, пет додаде Александар Грујевски, по четири имаа Андреј Тркалевски, Јован Фичорски и Лука Лешникоски.

Кај Текстилец најрасположен за игра беше Филип Џинес со седум погодоци, а го следеше Филип Савев со гол помалку – 6.