Скопје се израдува на трет триумф во Женската лига

Ракометарките на Скопје се израдуваа на трета победа во Женската лига, откако беа подобри на дуелит против Овче Поле СУ триумфирајќи со 26:22 (15:12).

Скопје сега на табелата има 10 бода и по 11 одиграни натпревари се позиционираше на 10. позиција, додека Овче Поле СУ останува на осум бода.

Гостинките од Свети Николе парираа, но поради малата ротација не можеа да се носат со домашниот тим, кој во најголемиот дел од натпреварот имаше активен резултат.

Најефикасна во победничката екипа беше Стефани Ристиќ со седум погодоци, шест додаде Нина Неделковска, по пет реализации имаа Јана Равојска и Наталија Максимовска.

Во гостинскиот табор најдобар стрелец беше Анастасија Сентовска со шест погодоци, еден помалку имаше Наталија Манева, додека Јована Конева, која во 28 минута доби црвен картон поради три исклучувања, натпреварот го заврши со пет погодоци.

Тимот на Скопје во следното, 12. коло од Женската лига ќе се соочи со „фенерџијата“ Гевгелија и ќе се обиде да дојде до нова победа.

Овче Поле СУ за последни два ривали од првиот дел од сезоната ги има екипите на Куманово и Гевгелија.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080