Тимот на Скопје пружи добар отпор на гостувањето во Автокоманда кај „витамините“ во првиот дел, но падна во второто полувреме комплетно и му дозволи на домаќинот на крајот да слави убедлива победа со 42-27.
Во финишот на првиот дел беше 14-14, но домашните со серија од четири гола поведоа со 18-14 и тука се чини го скршија гостинскиот отпор, иако до паузата Скопје намали на минус два, 19-17.
Во вториот дел по 25-21, домашните одново влегоа во серија, погодија седум пати по ред за 32-21 и веќе немаше дилеми околу победникот.
Најдобри стрелци во победничката екипа беа Бобан Попвски и Марко Каркалашев со осум, односно седум погодоци, додека кај Скопје, по шест пати реализираа Дион Земон и Андреј Кочески.
На табелата прв е Еурофарм Пелистер 2 со 18 бодови, но и меч помалку, додека сега „витамините“ од Автокоманда имаат 15 бода на второто место.