Дебитантот од Автокоманда дојде до важни бодови во плеј-аут фазата во Супер лигата, откако триумфираше над Скопје со 32:20.
Составот на Оливер Димитриоски парираше само во првите 30 минути, во кои беше рамноправен ривал.
По нерешените 12:12 на полувреме, дебитантот постепено се одлепуваше во вториот дел и немаше поголеми проблеми за да дојде до триумф
Најефикасен на натпреварот беше членот на победничката екипа Давид Димевски со 11 погодоци.
Во поразениот табор најрасположен за игра беше Давор Шокоски, кој зад своето име имаше седум реализации.