Скопје одработи рутински против Стружанка, Овче Поле СУ и Гевгелија дадоа само 32 гола

Ракометарките на Скопје по триумфот над Астибо во Штип, ја продолжија победничката серија во Женската лига и на домашен терен.

Избраничките на Андријана Будимир славеа против составот на Стружанка со убедливи 34-24. Гостинките парираа петнаесетина минути, но по нивното водство со 6-5, Скопје направи серија од пет гола за 10-6, и тука веќе беше скршен отпорот.

На пауза се замина со 14-10 за домаќинките, а вториот дел само рутински одработен до самиот крај, а шанса добија сите ракометарки.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Клементина Ѓурческа со седум гола и Росана Павлова со пет, додека кај Стружанка се истакнаа Маја Раткушиноска со шест и Ива Миновска со пет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЧАИР880016
2АСТИБО850310
3СКОПЈЕ84139
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82155
5СТРУЖАНКА80080

Овче Поле Славјански Универзитет ја забележа втората победа, откако славеше во Свеи Николе против Гевгелија со 18-14.

Во натпревар исполнет со грешки, гостинките парираа до 5-4. Потоа до крајот на полуврето цели 15 минути не постигнаа погодок, а домаќинките ги казнија сите грешки и погодија осум пати по ред за 12-4.

Во вториот дел, Овче Поле СУ имаше проблеми со реализацијата, Гевгелија играше подобра одбрана и успеа да ја преполови негативата, но немаше ниту време, ниту сили за некаков камбек.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Јована Ангеловска со десет гола, додека Симона Динева даде шест, а Елена Димова пет за Гевгелија.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА871015
2КУМАНОВО861113
3ПЕЛИСТЕР 201284048
4ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.82064
5ГЕВГЕЛИЈА80080