Тимот на Скопје не успеа да освои бодови на натпреварот против „витамините“ од Автокоманда, кои славеа со 33-23 во натпревар од 7 коло во прволигашкиот плеј-оф.
Гостите поведоа со 4-0, па потоа имаа и плус седум, 10-3 и веќе беше јасно која екипа ќе слави на овој натпревар.
Во повеќе наврати тимот од Автокоманда водеше со 13 погодоци, но до крајот Скопје успеа да намали дел од негативата.
Предводник во победата на гостинската екипа беше Христијан Ѓурмешевиќ со осум погодоци, додека кај Скопје по пет стрелаа Дион Земон и Андреј Јанев.