СКОПЈЕ 2025: Ѓорче Петров загуби од црногорскиот шампион

Македонскиот шампион Ѓорче Петров загуби на стартот на регионалниот турнир од црногорската Будуќност со 38-23.

Избраничките на Бојана Поповиќ наметнаа силно темпо уште од стартот на натпреварот, кое беше тешко да го следат „лавиците“.

Во вториот дел двајцата тренери им дадоа шанса на сите ракометарки да заиграат на овој натпревар, но ништо не се промени на теренот.

Со овој триумф Будуќност останува главен фаворит за трофејот, додека Ѓорче Петров својата шанса ќе ја бара на дуелите со Бор и Металург Автокоманда.