СКОПЈЕ 2025: Ѓорче Петров ќе го предизвика Будуќност, Металург Автокоманда против Бор

Паралелно со машкиот, во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се игра и женскиот регионален турнир во Скопје со учество на две македонски екипи, како и по една српска и црногорска.

Најзвучно име кое доаѓа е црногорската екипа Будуќност, некогашен европски шампион, а тука е уште еден екс владател на Европа – македонскиот Ѓорче Петров.

Токму со нивниот меѓусебен дуел од 15:00 часот ќе биде отворен турнирот, а подоцна од 19:00 часот ќе се соочат амбициозниот Металург Автокоманда, против српскиот Бор, кој дојде како замена за Црвена Звезда.

Во следните три дена, ќе се игра по принципот секој со секого, по што ќе се добие освојувачот на турнирот.

Распоред на натпревари:

15:00 Ѓорче Петров – Будуќност
19:00 Металург Автокоманда – Бор