Денеска стартуваат натпреварите од првиот регионален турнир во машка и женска конкуренција на екипи од Македонија, Србија и Црна Гора.
Судии од Македонија и Црна Гора ќе ја делат правдата на сите натпревари, додека сите делегати доаѓаат од Македонија.
Судиски двојки од Македонија се Карбеска-Илиева, Божиновски-Начевски, Николов-Начевски, Металари-Николовски и Митревски-Тодоровски, додека од Црна Гора доаѓаат Ражнатовиќ-Павичевиќ.
Делегати на турнирот се Лери Мирчески, Љупчо Јаневски, Бобан Мајнов, Игор Огненов, Ацо Николовски и Марјан Начевски.
Натпреварите се играат во СЦ „Борис Трајковски“, денеска, утре и задутре со почеток од 15, 17, 19 и 21:00 часот.