СКОПЈЕ 2025: Еурофарм Пелистер на мегдан на Војводина, Вардар ќе тестира со Ловќен

По поразот во финалето на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе имаат настап на уште еден турнир – регионалниот кој се игра во СЦ „Борис Трајковски“.

Прв предизвик за битолчани ќе биде натпреварот против српскиот вицепрвак Војводина Нови Сад денеска од 17:00 часот.

На турнирот, покрај македонскиот шампион игра и вицешампионот Вардар, кој ќе се соочи со првакот на Црна Гора, Ловќен Цетиње.

„Црвено-црните“ по лошиот настап во Охрид, ќе имаат шанса за поправен на турнирот во Скопје, а мечот со Ловќен е од 21:00 часот.

На турнирот кој стартува денеска, а со учество на екипи од Македонија, Србија и Црна Гора, ќе се игра по принципот секој со секого во следните три дена.

Распоред на натпревари – регионален турнир:

17:00 Еурофарм Пелистер – Војводина
21:00 Вардар – Ловќен