Скок за четири позиции на ЕХФ ранкингот: Македонија е 15. ракометна сила во Европа!

Европската ракометна федерација го објави ранкингот на националните тимови, а машката сениорска репрезентација направи скок во споредба со минатата година.

По настапот на ЕП 2026, ЕХФ ги сумираше резултатите на сите селекции и Македонија со освоените бодови (48), се најде на 15 место во вкупниот ранкинг со 31,25 бодови, што е скок за четири позиции во споредба со лани.

Ранкингот се пресметува како просек со бодовите освоени на големите натпреварувања во последните четири години (или во квалификациите), со забелешка дека последните две години учествуваат со 100% во бодувањето (2026, 2025), додека (2024, 2023) учествуваат со 50% во бодувањето и пресметувањето на просекот.

Во ТОП 3 се Данска со 118 бодови, Франција со 94 и Германија со 91 бод.