Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло во ЕХФ Европскиот Куп.
Македонски претставник во оваа фаза е Бутел Скопје, кој ќе се соочи со тимот од Луксембург, Дуделанж.
Првиот натпревар меѓу Дуделанж и Бутел Скопје се игра на 9 септември од 18:00 часот, а судии ќе бидат Нигард и Примдал од Данска, додека делегат е Кошта од Португалија.
Вториот дуел е на програмата на 13 септември од 18:00 во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, а ЕХФ ги делегираше шведските арбитри Фолт и Холм, додека делегат ќе биде Губица од Хрватска.
Победникот од овој двомеч во второто коло ќе се сретне со косовскиот тим Раховец.