Скандалозно – Најдобриот стрелец отстранет од клубот поради конфликт со соиграчи!

Во редовите на данскиот клуб Виборг избувна сериозен внатрешен конфликт – најдобриот стрелец на екипата, Кристина Педерсен, е суспендирана од тренажниот процес на две недели, откако дел од нејзините колешки одбиле да тренираат додека таа е присутна.

Педерсен, која во минатата сезона постигна импресивни 164 гола и беше клучен фактор во нападот, очигледно не е посакувана фигура во соблекувалната. Според информациите на ТВ2, неколку ракометарки на Виборг испратиле јасна порака до раководството – нема тренинг додека Педерсен е во клубот.

Извршниот директор на клубот, Јенс Штефенсен, ја потврди ситуацијата за ТВ2, но не сакаше да открие детали.

„Имаме кадровско прашање. Во интерес на ракометарктата и на тимот, нема да даваме дополнителни коментари во овој момент.“

Ниту Кристина Педерсен, ниту капитенката на Виборг, Марија Фискер, не дадоа изјави.

Особено загрижувачко е што само пред неколку месеци, Виборг и Педерсен го продолжија договорот до летото 2027 година. Нејасно е дали оваа 14-дневна суспензија е само краткорочна мерка или сигнал за подлабоки проблеми што би можеле да влијаат врз нејзината иднина во клубот.