Сиверт си ја отвори душата: Мислев дека ме викаат да потпишам нов договор…

Јарон Сиверт, неодамна сменетиот тренер на Фуксе Берлин, се огласи на социјалните мрежи по бурните денови во „Макс Шмелинг Арена“.

Пред нешто повеќе од една недела тој го загуби работното место, заедно со спортскиот директор Штефан Кречмар, а на нивно место клубот го назначи данскиот стратег Николaj Крикау.

Во својата порака до јавноста, Сиверт изрази големо разочарување од одлуката на управата.

„Поминаа првичните емоции, но останува длабоко неразбирање и човечко разочарување кон тие што ја донесоа одлуката. Најмногу боли тоа што му покажаа врата на едно момче од Рајникендорф, кое беше олицетворение на филозофијата на клубот и со целосна посветеност ја прифати улогата на главен тренер“.

Сиверт нагласи дека неговото заминување било исклучиво одлука на акционерите и управата.

„Тогаш отидов на состанок убеден дека ќе потпишам нов договор – а наместо тоа, целосно неочекувано бев отпуштен. Тоа ме погоди како гром од ведро небо.“

Поранешниот тренер на Фуксе притоа стави до знаење дека ниту еден од играчите немал никаква врска со оваа одлука.

Сепак, заклучи дека е длабоко разочаран што „дадениот збор денес повеќе не вреди ништо“, додавајќи дека наведувањето на „притисокот на јавноста“ како причина за неговото заминување е нешто што не може да го сфати.