Во сезоната што ја оставивме зад нас, беа крунисани девет шампиони во натпреварувањата во организација на Ракометната федерација на Македонија.
Во сениорска конкуенција, шампиони станаа Еурофарм Пелистер и Ѓорче Петров, кои ги одбранија титулите кај мажите и жените.
Во прволигашката конкуренција, Еурофарм Пелистер 2 немаше никаква конкуренција и без пораз се врати таму каде што припаѓа – во елитата.
Кај младинците, шампиони станаа „витамините“ од Автокоманда, додека кај кадетите најуспешен беше Еурофарм Пелистер. Охрид ја освои титулата кај пионерите.
Кај младинките, без конкуренција беше Металург Автокоманда, кој стана првак, во кадетска конкуренција најдобар беше Вардар, додека Ѓорче Петров освои титула кај пионерките.