Амбициозниот суперлигаш Бутел Скопје, кој ќе ја претставува Македонија во ЕХФ Европскиот Куп, ги промовираше петте засилувања за наредната сезона.
Триото кадетски репрезентативци Петар Николоски, близнаците Архангел и Атанасиј Трсунови, потоа искусниот Благојче Трајкоски, но и левиот бек од Грузија, Давид Гришикашвили, се новите имиња во составот на Горан Кузманоски.
Тие веќе му се приклучија на Бутел Скопје и тренираат со новите соиграчи, а нема да биде изненадување ако раводоството донесе уште некое засилување пред официјалниот старт на сезоната.
Бутел Скопје ќе се подготвува во Скопје, ќе одигра пријателски меч со Вардар во Пехчево, а потоа се потврдени настапите на турнирите во Струга и Прилеп.