Денеска и утре се играат последните осум натпревари од 14 коло во Лигата на шампионите, по што ќе бидат познати сите патници во четвртфиналето, како и осминафиналните двојки.
Веспрем е прв во групата А, додека Барса е безбедна на првата позиција во групата Б. Спортинг, ПСЖ и Фуксе Берлин во групата А, како и Алборг и Нант во групата Б се во трка за директното место во ТОП 8.
Фредериција и Еурофарм Пелистер од групата А се веќе елиминирани, а ист е случајот и со Загреб во групата Б, во која Колстад и Келце ќе се борат за последното место во осминафинале.
ГРУПА А
Веспрем – ќе заврши прв и оди во четвртфинале
Спортинг Лисабон – ќе заврши втор и ќе се пласира во четвртфинале ако:
– победи или ремизира со Висла Плоцк
– загуби од Висла Плоцк И Фуксе Берлин не победи И ПСЖ не победи
Фуксе Берлин – ќе заврши втор и ќе се пласира во четвртфинале ако:
– победи против Веспрем И Спортинг Лисабон не победи
ПСЖ – ќе заврши втор и ќе се пласира во четвртфинале ако:
– победи против Еурофарм Пелистер И Спортинг Лисабон загуби И Фуксе Берлин не победи
Ако Спортинг Лисабон, Фуксе Берлин и ПСЖ имаат ист број на бодови, тогаш на мини-табелата португалскиот тим е прв, германскиот втор, а францускиот трет.
Висла Плоцк и Динамо Букурешт ги обезбедија местата во осминафиналето.
Висла Плоцк – ќе заврши петта и ќе се пласира во осминафиналето ако:
– победи против Спортинг Лисабон И Динамо Букурешт не победи
– ремизира со Спортинг Лисабон И Динамо Букурешт загуби
Динамо Букурешт – ќе заврши петти и ќе се пласира во осминафиналето ако:
– победи против Фредериција
– ремизира со Фредериција И Висла Плоцк не победи
– загуби од Фредериција И Висла Плоцк загуби
Еурофарм Пелистер – ќе заврши седми и нема шанси за осминафинале
Фредериција – ќе заврши осма и нема шанси за осминафинале
Ако Еурофарм Пелистер победи, а Динамо Букурешт и Висла Плоцк загубат, тогаш на мини-табелата меѓу трите клуба, романскиот клуб е прв, полскиот втор, а македонскиот првак трет.
ГРУПА Б
Барса – ќе заврши прва и оди во четвртфиналето
Алборг – ќе заврши втор и ќе се пласира во четвртфиналето ако:
– победи или ремизира со Нант
Нант – ќе заврши втор и ќе се пласира во четвртфиналето ако:
– победи противв Алборг
ПИК Сегед – ќе заврши четврти и ќе се пласира во осминафиналето ако:
– победи или ремизира со Магдебург
– загуби од Магдебург со не повеќе од 1 гол И Колстад не победи
ПИК Сегед – ќе заврши петти и ќе се пласира во осминафиналето ако:
– загуби од Магдебург со 2 или повеќе гола, но не повеќе од 7 И Колстад победи
– загуби од Магдебург со 8 гола, но постигне 25 гола или повеќе И Колстад победи
– загуби од Магдебург со 32-24, И Колстад победи со не повеќе од 20 гола
Магдебург – ќе заврши четврти и ќе се пласира во осминафиналето ако:
– победи против ПИК Сегед со 2 или повеќе гола
– победи против ПИК Сегед со 1 гол И Колстад победи
Магдебург – ќе заврши петти и ќе се пласира во осминафиналето ако:
– победи против ПИК Сегед со 1 гол
– ремизира со ПИК Сегед И Колстад не победи
– загуби од ПИК Сегед И Колстад загуби И Келце не победи
Магдебург – ќе заврши шести и ќе се пласира во осминафиналето ако:
– ремизира со ПИК Сегед И Колстад победи
– загуби од ПИК Сегед И Келце победи (независно од резултатот на Колстад)
– загуби од ПИК Сегед И Колстад победи или ремизира И Келце не победи
Колстад – ќе заврши петти и ќе се пласира во осминафиналето ако:
– победи против Барса И ПИК Сегед загуби со 9 или повеќе гола
– победи против Барса и ПИК Сегед загуби со 8 гола и постигна 23 или помалку гола
– победи против Барса со 24 или повеќе гола И ПИК Сегед загуби со 32-24
– победи против Барса со 23 гола, да постигне 49 или поввеќе гола И ПИК Сегед загуби со 32-24
– победи против Барса И Магдебург не победи
– ремизира со Барса И Магдебург загуби
Колстад – ќе заврши шести и ќе се пласира во осминафиналето ако:
– победи против Барса И Магдебург победи
– ремизира со Барса И Магдебург не загуби
– загуби од Барса И Келце не победи
Келце – ќе заврши петти и ќе се пласира во осминафиналето ако:
– победи против Загреб И Магдебург загуби И Колстад загуби
Келце – ќе заврши шести и ќе се пласира во осминафиналето ако:
– победи против Загреб И Колстад загуби И Магдебург не загуби
Загреб – нема шанси за осминафинале