Викендов ќе бидат натпреварите од последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, по што ќе бидат познати сите патници во осминафиналето, односно четвртфиналето.
Од групата А, директно место во четвртфиналето обезбедија Мец и Ференцварош, а во осминафиналето продолжуваат ЧСМ Букурешт, Подравка и Крим Меркатор.
За последното место во осминафиналето од првата група во игра се Сторхамар од Норвешка и Глорија Бузау од Романија. Норвешкиот претставник на свое конто има осум бода, додека тимот од Романија шест.
Сторхамар за да обезбеди пласман во осминафиналето ќе треба да го победи Мец, а доколку загуби, ќе треба да навива за ЧСМ Букурешт во романското дерби. Истиот случај е со Глорија Бузау, која за прогрес ќе треба да триумфира против силниот конкурент од Букурешт
Подравка и Крим Мекатор со меѓусебен дуел во последното коло ќе си одлучат која од двете екипи ќе заврши на 4. позиција.
Во Б групата директни патници во четвртфиналето се Ѓер и Есбјерг, додека во осминафиналето продолжуваат Оденсее, Брест и Лудвигсбург. Со оглед на тоа што Вајперс Кристијансад се откажа од учество во ЛШ, односно клубот банкротира, за 6. позиција на табелата ќе се борат Рапод Букурешт на Сара Ристовска и Будуќност.
Овие два тима во текот на утрешниот ден ќе се сретнат во Подгорица, а по натпреварот ќе се знае дали клубот на македонската репрезентативка ќе продолжи да се натпреварува на европска сцена.
На црногорскиот шампион му е неопходна победа, додека на Рапид Букурешт за задржување на 6. позиција му одговара и реми.
Ѓер и Есбјерг, исто така ќе имаат меѓусебен дуел за првата позиција на табелата. Унгарскиот шампион е во поволна позиција, бидејќи и со реми ќе се задржи на првото место, додека на ракометарките на Есбјерг ќе им биде потребна победа со два или повеќе гола за преземање на лидерската позиција.