Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги обелодени деталите за првото издание на младинската Лига на шампиони.
Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе настапи со својот младински тим во групата во Букурешт, а за ривал во полуфиналето го има полскиот Келце.
Ако слави за место на Ф4 ќе се бори со победникот од дуелот меѓу Динамо Букурешт и Висла Плоцк.
По првичната идеја три клуба го откажаа своето учество во групната фаза (Алборг, Фредериција, Колштад) и на нивно место повикани се ГОГ Гудме, Војводина и Савехоф.
Лига на шампиони, младинци, групи:
група 1 (организатор Веспрем):
Загреб
ПИК Сегед
Веспрем
Војводина
Полуфинале:
Веспрем – Војводина
ПИК Сегед – Загреб
група 2 (организатор Барселона):
Барселона
ПСЖ
Нант
Спортинг Лисабон
Полуфинале:
Барселона – Нант
ПСЖ – Спортинг
група 3 (организатор Фуксе Берлин):
Фуксе Берлин
Магдебург
ГОГ Гудме
Савехоф
Полуфинале:
Фуксе Берлин – Савехоф
Магдебург – ГОГ Гудме
група 4 (организатор Динамо Букурешт):
Еурофарм Пелистер
Динамо Букурешт
Киелце
Висла Плоцк
Полуфинале:
Келце – Еурофарм Пелистер
Висла Плоцк – Динамо Букурешт
Само победниците од групите ќе се пласираат на завршниот турнир во Келн. Групната фаза ќе се одигра на 17 и 19 април 2025 година.
Во натпреварите од младинската Лига на шампиони можат да настапат ракометари до 18 години и помлади. Екипата на Еурофарм Пелистер ќе ја водат тренерите Фарук Мемиќ и Кире Митревски.