Екипата на Кил во натпревар од 28. коло во Бундес лигата за ривал го имаше тимот на Ерланген.
Избраниците на Филип Јиха победија со 31:27 и со новите освоени бодови се позиционираа на 4. позиција на табелата.
На натпреварот против Ерланген деби настап за сениорскиот тим на Кил имаше левото крило Бен Силаги.
Младиот ракометар е син на поранешниот репрезентативец на Австрија, Виктор Силаги, кој моментално раководи со директорката позиција на германскиот шампион.
Бен дадената минутажа на теренот максимално ја искористи и успеа да се запише во листата на стрелците.