„Сино-белите“ од Автокоманда кои пред две сезони го освоија трофејот во Купот на Македонија, лесно ја минаа првата пречка.
Избраниците на Кирил Лазаров на стартот на групната фаза со комбиниран тим прославија убедлив триумф над Радовиш со 41-21.
Лазаров им даде шанса на сите ракометари што ги имаше на располагање, а најдобар беше Стојковиќ со осум гола, додека по пет гола дадоа Дамјан Митев и Никола Костески. Голманот Николовски запиша 11 интервенции.
Во составот на радовишани се истакна Томче Трајчевски со осум погодоци.
Ривал во битката за место на завршниот турнир во Купот на Македонија ќе им биде победникот од дуелот меѓу Пролет и Македонија Ѓорче Петров.

























